Од „Македонија пат“ додаваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ засеци и клисури е можна појава на поситни одрони, кои, како што додаваат, нивните екипи редовно ги чистат
Поради појава на магла намалена е видливоста до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Како што информираат оттаму, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Од „Македонија пат“ додаваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ засеци и клисури е можна појава на поситни одрони, кои, како што додаваат, нивните екипи редовно ги чистат.
„ЈП ‘Македонија пат’ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и приспособување на брзината спрема условите на патот“,
велат од претпријатието.
