Главниот град на провинцијата Сечуан, е најголемиот град што е под карантин откако Шангај претрпе двомесечни ограничувања претходно оваа година. На тамошните 21 милион луѓе им е забранет влез или напуштање на градот, при што само жителите кои ќе покажат доказ за негативен тест за ковид им е дозволено да купат неопходни работи
Жителите во областите низ Кина кои се во караантин се жалат на недостиг на храна и основни работи.
На десетици милиони луѓе во најмалку 30 региони им е наредено да останат дома под делумно или целосно заклучување. Тие тврдат дека по 15 дена карантин немаат брашно, ориз, јајца.
Властите се обидуваат да ги задржат под контрола локалните епидемии пред конгресот на Комунистичката партија во октомври.
Политиката на Кина за нулта толеранција на ковид предвидува строг карантин – дури и ако се пријавени само неколку случаи. Во понеделникот Кина забележа 949 нови случаи на ковид низ целата земја.
Ваквата политика предизвика ретко јавно несогласување од граѓаните и исто така се смета дека го задушува економскиот раст.
Во Ксинџијанг, еднонеделното заклучување во автономната префектура Или во близина на границата со Казахстан предизвика очајни апели за помош од жителите.
Во една објава на социјалните мрежи беше прикажано видео на човек Ујгур кој низ солзи тврди дека неговите три деца не јаделе три дена.

Во градот Јининг, главниот град на Или, се појави онлајн документ со над 300 итни барања за храна, лекови и средства з хигиена.
Регионот има мешано население од Кинези, Казахстанци и Ујгури.
Претходно овој месец, во извештај на ОН властите на Кина се обвинуваат за „сериозно кршење на човековите права“ против Ујгурите и другите главно муслимански малцинства во Ксинџијанг. Групите за права велат дека повеќе од милион Ујгури биле приведени против нивна волја. Пекинг вели системот на кампови е алатка за борба против тероризмот.
Во југозападната провинција Гуижоу, властите без предупредување ставија во карантин област на главниот град на провинцијата Гујанг, затворајќи 500 000 жители дома без никаква шанса за подготовки.
Лифтовите во зградите се исклучени за да ги спречат луѓето да заминуваат, објави весникот Гардијан.
„Не можеме да купуваме работи преку Интернет, бидејќи не ги испорачуваат, а супермаркетите се затворени. Дали владата не третира како животни или само сакаат да умреме?“,
прашува еден корисник на платформата за микроблогирање Веибо, цитиран од Гардијан.
Во меѓувреме, Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан, е најголемиот град што е под карантин откако Шангај претрпе двомесечни ограничувања претходно оваа година.
На тамошните 21 милион луѓе им е забранет влез или напуштање на градот, при што само жителите кои ќе покажат доказ за негативен тест за ковид им е дозволено да купат неопходни работи.

Тоа уследи по големиот топлотен бран во регионот и земјотресот претходно овој месец, во кој жителите се обидуваа да ги напуштат своите домови соочени со заклучени излези.
Градските власти велат дека планираат да ги укинат ограничувањата во пет области на градот почнувајќи од понеделник.
Повеќекратните продолжени карантини доаѓаат пред Конгресот на Националната партија во средината на октомври – настан кој се случува еднаш во пет години на кој ќе се соберат врвни политички членови за прв пат од почетокот на пандемијата.
Партиските функционери се под огромен притисок да се погрижат настанот да се одвива непречено, па дури и малите кластери на Ковид се сметаат за закана.
Во понеделникот кинеските медиуми соопштија дека мал број случаи биле откриени во универзитетските кампуси во Пекинг додека студентите се враќале од другите провинции.
Тоа е последната голема светска економија која се обидува целосно да ја елиминира пандемијата со ковид, тврдејќи дека тоа е неопходно за да се спречат пошироки бранови на вирусот што би можеле да ги надминат болниците.
Кина официјално забележа помалку од 15 000 смртни случаи од почетокот на пандемијата, според Универзитетот „Џонс Хопкинс“.