Ограничен е и бројот на лицата кои можат да се сместат во една куќа, а за непочитување на новите правила предвидени се казни
Платформата за изнајмување приватно сместување Airbnb објави дека од вчера одлучилa да го ограничи бројот на лица кои се сместуваат во капацитетите што ги изнајмуваат на 16 лца, за да спречи организирање забави.
Во соопштението од компанијата се наведува дека со почетокот на пандемијата со ковид-19, некои ги префрлиле забавите од баровите и дискотеките во куќи, а дел од нив биле изнајмувани и преку оваа платформа.
„Сметаме дека таквото однесување е неодговорно, не сакаме да бидеме вклучени во тоа, и секој што учествува во него или одобрува такво однесување, нема место на нашата платформа“, соопштија од Airbnb.
Во соопштението се истакнува дека сопствениците кои и досега имале можност да се согласат во нивните куќи да се организира забава, во 73 проценти не го дозволувале тоа.
Airbnb исто така формираше тим за брзо реагирање во случај на проблеми и се предвидени санкции против корисниците кои не ги почитуваат новите правила на однесување.