На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиштето и големиот одрон, сообраќајот и натаму е се одвива само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно возење.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, инфомира АМСМ.