Според „Водовод и канализација“, без вода или со мал проток на вода се Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани
Поради голем дефект на булеварот „Кочо Рацин“, спроти Олимпискиот базен, без вода или со намален доток на вода се голем дел од населбите во Скопје.
Според „Водовод и канализација“, дефектот ги засегна жителите на Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.
Се работи за голем дефект на цевка ф500 мм и за да се санира мора да се затвори протокот на вода од цевка од ф1400 мм.
Дека поправката ќе потрае покажува и фактот што за овие делови од главниот град ќе има цистерни со техничка вода. За локациите на цистерните, граѓаните ќе добијат информации на 02 3073 010.