Маврови Анови, Берово, Крушево, Дебар, Струмица и Охрид се местата каде што денеска наутро температурите биле под нулата
Попова Шапка денеска наутро беше најстуденото место во земјава со измерени минус 12 Целзиусови степени.
Температури под нулата биле измерени и во други места и градови. По Попова Шапка, следна најниска температура била измерена во Маврови Анови – минус седум. Во Берово и Крушево утрово било минус шест, во Дебар минус четири, во Струмица и Охрид минус три.
Следни се Прилеп, Претор и Крива Паланка со минус два, во Битола и Виница било минус еден, а во Куманово, Штип и Тетово се измерени нула степени.
Во Скопје (Зајчев Рид и Петровец), пак, било еден степен, а во Демир Капија, Дојран и Гевгелија два степени.
Попова Шапка е и со најмногу снег – 75 сантиметри. Следни се Маврови Анови со 16, Лазарополе со 10, Крушево со шест и Ѓуриште со три степени.
