Во Црна Гора на сила е црвен сигнал за опасни временски услови, а спасувачките и општинските служби се во состојба на зголемена готовност
Од вчера попладне, обилни и интензивни врнежи од дожд има и на целата територија на Албанија. Дождовите предизвикале поплави во повеќе градови, а најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, во севрозападниот округ Лежа, на север во округот Кукс, како и во уште неколку окруз
Обилните дождови што ја погодија Црна Гора во последните денови доведоа до ненадејно зголемување на нивото на реките и прелевање на потоците, предизвикувајќи поплави во неколку градови и општини, пренесуваат црногорските медиуми.
На сила е црвен сигнал за опасни временски услови, а спасувачките и општинските служби се во состојба на зголемена готовност. Најпогодени се градовите Никшиќ и Даниловград, пренесуваат медиумите.
Во Никшиќ, поројните дождови поплавија неколку домаќинства во селото Гребице. Многу автомобили се исто така под вода, а напојувањето со електрична енергија е прекинато поради дефект во разводната табла.

Во Даниловград, властите повикуваат на зголемена претпазливост – мостот Фрутку е затворен за сообраќај, а граѓаните треба да користат алтернативни патишта.
Проблеми се регистрирани и во регионот Бијело Поље, а во Цетиње, Службата за заштита и спасување извршила пет до шест интервенции поради вода што влегува во подруми и гаражи.
Метеоролозите предупредуваат дека дождот ќе продолжи и во наредните денови, а надлежните органи апелираат за почитување на официјалните предупредувања и зголемено внимание на патиштата.
Од вчера попладне, обилни и интензивни врнежи од дожд има и на целата територија на Албанија. Дождовите предизвикале поплави во повеќе градови, а најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, во севрозападниот округ Лежа, на север во округот Кукс, како и во уште неколку окрузи.
Телевизијата Топ ченел пренесува дека во Драч има области каде нивото на водата на улиците достигнува и до 50 сантиметри.
„Патиштата остануваат речиси непроодни во многу населби во градот. Наставата е прекината во повеќето училишта во Драч поради ситуацијата создадена од обилните дождови и блокадите на патиштата. Според локалната канцеларија за образование на Драч, родителите и наставниците се известени да избегнуваат движење додека не се смири ситуацијата“,
објави телевизијата.

Поради високите бранови и силниот ветер воведена е забрана за испловување на бродови и траекти.
И во другите окрузи има одрони од камен и повеќе свлечишта на патиштата.
Министерот за одбрана на Албанија, Пиро Венгу попладнево рече дека во Драч се ангажирани армиски возила и припадници на армијата од Базата за поддршка на цивилни вонредни ситуации за справување со ситуацијата со поплавите.
„Во операцијата ангажирани се и моторни пумпи, со голем капацитет. Возилата работат и во областа Шкозет, на автопатот Драч-Тирана и на патот Бургу за справување со ситуацијата на терен. Сите служби се на терен, ги замолуваме граѓаните да не излегуваат од дома без некоја поголема потреба“,
вели Венгу.
Прекин во наставата и евакуации има и во окрузите Лежа и Кукс, каде поради искинати далноводи, од силниот ветер, во повеќе населени места има прекин во снабдувањето со електрична енегија
Надлежните информираа дека преполни се и трите вештачки акумулации на каскадата на реката Дрим, каде веќе се отворени портите на браните и се испушта по 700 кубни метри вода во секунда, што според медиумите дополнително може да ја влошат состојбата со поплави во овој дел на земјата.
