Од театарот стравуваат дека водата може да предизвика сериозни проблеми -пожар, струен удар, поради што засега се стопирани претставите
Поради протекувањето на кровот над сцената и проток на вода во близина на струјните кола, се откажуваат закажаните претстави во Драмскиот театар во Скопје.
Се откажува и претставата “Мојот маж” која требаше да се одигра вечерва . Од театарот информираат дека процениле дека е небезбедно да се изведуваат претстави додека проблемот не се санира.
„Водата може да предизвика сериозни проблеми, пожар, струен удар и слично, за што мора да консултираме експерти кои би дале дозвола за понатамошна работа. И покрај нашите планови да ги вратиме на репертоарот претставите кои не беа изведувани поради кризата со пандемијата, и навистина големиот напор на актерите и вработените во Драмски театар во многу кратки рокови да ги вратат претставите на сцената, за жал техничкиот проблем не можеме да го санираме со сопствени сили”,
велат од Драмски театар, посочувајќи дека надеваат дека овие проблемите ќе се решат во догледно време и дека ќе може да продолжат со нивните активности.