Земјотресот најсилно е почувствуван од населението во Битола и околината и тоа со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала
Во 14:01 часот денеска е почувствуван земјотрес со Рихтерова магнитуда 3,8 чиј епицентар се наоѓал на 125 километри јужно од Скопје односно на границата со соседна Грција а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин, соопштија од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна Македонија.
Од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје соопштија дека земјотресот најсилно е почувствуван од населението во Битола и околината и тоа со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала додека во останатиот југозападен дел на Републиката земјотресот беше почувствуван со интензитет од III-IV степени според истата скала.
Според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаат материјални штети.