Не стивнуваат партиските преписки меѓу власта и опозицијата на тема попис. ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањето да се набават 10 000 терминали за земање отпечатоци од прсти при спроведување на пописот бидејќи, како што тврдат оттаму, начинот на кој моментално се планира да се спроведе пописот ќе даде нереални резултати односно ќе испадне дека имаме и до 3 милиони жители.
„Само со набавка на терминали со отчитување за отпечатоци од прсти ќе се попише резидентното население и ќе се направи дистинкција на резидентите од државјаните, односно луѓето кои поседуваат македонско државјанство но не живеат во државата. Апаратите за отпечатоци и така треба да се набават неколку месеци подоцна за локалните избори“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ пак, обвинуваат дека ова е уште еден обид за деструкции на опозицијата на чело со Мицкоски.
„Овојпат Мицкоски можност виде во предлог Законот за попис, на кој ВМРО ДПМНЕ се спротивставува. Од што се плаши Мицкоски?
реагира владејачката партија.
На пописот граѓаните не се изјаснуваат за партиската припадност, па да стравува дека и на пописот ќе изгуби. Ниту пак, пописот е гласање на недоверба на лидерот на ВМРО ДПМНЕ за Мицкоски уште повеќе да стравува. Мицкоски треба да знае, дека пописот е статистичка операција и оваа негова опструкција ќе биде поразена, зошто пописот не смее да зависи од волјата на политичките партии и лидери“,
Вчера и претседателот Стево Пендаровски во интервју за Јавниот сервис кажа дека не гледа ништо спорно во предлогот на опозицијата да се обезбедат терминали за отпечатоци од прст за пописот, доколку со тоа се даде поголема веродостојност на самата статистичка операција, но смета дека нема доволно време. Во однос на европското знаменце со кое е поднесен законот за попис, Пендаровски вели дека не е важно дали законот има европско знаменце или не, туку дека најважна е политичката волја дали може сите да се усогласат што е витален државен интерес.