Адвокатите се надеваат дека рочиштето би можело да се одржи во текот на викендот и да заврши во недела, што ќе му овозможи на Ѓоковиќ да го одигра првиот меч на Австралија опен против неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ
Доколку не ја оспори одлуката пред судот или не успее во тоа, Ѓоковиќ веднаш ќе биде депортиран од земјата
Министерот за имиграција Алекс Хок го искористи своето дискрециско право и му ја укина визата на најдобриот тенисер во светот.
„Го искористив моето право да му ја поништам визата на господинот Новак Ѓоковиќ, бидејќи тоа е од јавен интерес. Одлуката е донесена по наредбата на Сојузниот суд од 10 јануари 2022 година за поништување на првичната одлука за укинување на визата. При донесувањето на оваа одлука, внимателно ги разгледав информациите што ми ги дадоа МВР, Граничната полиција и г. Ѓоковиќ. Владата на Скот Морисон е целосно посветена на заштитата на границите на Австралија, особено за време на пандемијата на коронавирусот. Им благодарам на службениците на МВР и граничната полиција кои секојдневно работат во интерес на Австралија“,
се вели во соопштението.
Се очекува адвокатскиот тим на српскиот тенисер да поднесе жалба на ваквата одлука на министерот. Адвокатите се надеваат дека рочиштето би можело да се одржи во текот на викендот и да заврши в недела, што ќе му овозможи на Ѓоковиќ да го одигра првиот меч на Австралија опен против неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ.
Се проценува дека сѐ ќе треба да се заврши во следните 72 часа, бидејќи Австралија опен почнува в понеделник.
Весникот „Ејџ“ додава дека одлуката на Хок значи дека Ѓоковиќ би можел повторно за неколку часа да биде одведен во имиграциски притвор.
Не е јасно дали федералните власти планираат да го вратат во хотелот „Парк“ во Карлтон, каде што престојуваше заедно со бегалци кои се во притвор, додека Федералниот окружен суд не нареди негово ослободување во понеделникот.
Извори за весникот потврдија дека планот е да се врати во некоја форма на имиграциски притвор.
На Ѓоковиќ му беше укината визата по пристигнувањето во Австралија бидејќи тој наводно не доставил доволно докази за ослободување од задолжителна вакцинација. Најдобриот светски тенисер се жалеше до Сојузниот суд кој ја прифати неговата жалба откако беше утврдено дека нему му е ускратена процедуралната правда.
Тој потоа влезе во Австралија, а претходните денови се подготвуваше за стартот на Грен слем турнирот кој го освои деветпати.
Изминатите денови, во консултација со ИТ-експерти, германскиот весник „Шпигел’ оспори неколку моменти за позитивниот тест, кој Ѓоковиќ тврди дека го имал на 16 декември. „Временскиот печат од УРЛ-кодот на тестот всушност упатува на 26 декември – како датум кога тестот бил внесен во системот. Исто така, идентификацискиот број на позитивниот тест (16 декември) е поголем од тој на негативниот тест (22 декември) поради што весникот упатува сомнеж дека наводниот позитивен тест бил генериран во системот неколку дена подоцна.
Доколку не ја оспори одлуката пред судот или не успее во тоа, Ѓоковиќ веднаш ќе биде депортиран од земјата.
Австралискиот премиер Скот Морисон вчера рече дека политиката на Владата во однос на вакцинацијата не е променета.
„Ова е политика на Владата и очекуваме властите да ја водат политиката“,
рече Морисон и потсети дека невакцинираните лица мора да дадат прифатлив доказ дека не можат да се вакцинираат од медицински причини.
Во врска со случајот со Ѓоковиќ и евентуалната одлука на министерот за имиграција Морисон кажа дека тоа се лични министерски овластувања кои министерот Хок може да ги оствари и дека не сака да коментира повеќе во овој момент.
Светската здравствена организација вчера зазеде став дека вакцинацијата, односно прашањето дали некој е вакциниран или не, не треба да се користи за да се спречи патувањето на луѓето, а владите да ја вакцинација како „последна опција“.
Овој став на Светската здравствена организација (СЗО) доаѓа како одговор на прашањата покренати во австралискиот „Сидни морнинг хералд“ и „Ејџ“ за ситуацијата околу влезот на Новак Ѓоковиќ во Австралија.