Основното јавно обвинителство Битола нареди спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека го извршил кривичното дело – разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот на 20 јули 2021 година, околу 13.30 часот во Битола, на улица пресретнал жена со тешка здравствена состојба, па ја отпратил до нејзиниот дом. Откако нејзиниот сопруг го поканил осомничениот да влезе во домот и да го почести кафе за услугата, осомничениот забележал паричник под перницата на креветот и го одзел. Домаќинот го забележал осомничениот во кражбата и побарал да му го врати паричникот во кој имало 12.000 денари и лични документи. Во тој момент осомничениот со рака го удрил оштетениот во пределот на главата, го соборил на подот и продолжил да го удира уште неколкупати со што му нанел телесни повреди“,
соопштија од обвинителството.
Судот, по предлог на обвинителството, на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.