Полското Министерство за здравство започна истрага откако беше утврдено дека неколку познати личности преку ред примиле вакцина против коронавирусот, а министерот за здравство вели дека е згрозен од постапката.
Полска започна со вакцинација на 27 декември, а први на приоритетната листа за вакцинирање против ковид-19 се здравствените работници.
Меѓутоа, во меѓувреме е откриено дека 18 славни личности, вклучително и неколку актери и поранешниот премиер, ја примиле вакцината во болницата во Варшава преку ред, објави „Гардијан“.
Некои од вакцинираните тврдат дека им била понудена вакцината за подоцна да бидат дел од промотивната кампања за вакцинирање, а повеќето од актерите кои ја примиле дозата се лица во шеесеттите и седумдесеттите години.
Тоа предизвика гнев кај здравствените работници, од кои многумина не се вакцинирани, а министерот за здравство Адам Неџелски рече дека е згрозен од скандалот.
Болницата ќе спроведе внатрешна истрага по наредба на Министерството за здравство.