Во акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот полски државјанин се вклучени МВР, екипи од Црвениот крст и тим од Дирекцијата за заштита и спасување

Машко лице, државјанин на Полска, денеска бил пријавен за исчезнат на падините на Водно. Пријавата, како што информираат од Центарот за управување со кризи, била стигната на бројот за итни повици 112.
Веднаш по добивањето на пријавата, дежурниот оперативен центар на ЦУК ги мобилизирал сите надлежни служби за брза реакција и потрага.
Во акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот полски државјанин се вклучени Министерството за внатрешни работи (МВР), кое формира специјален тим за пребарување, екипи од Црвениот крст, а и тим за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веќе е упатен на терен.