Инцидентот се случил во населба во Варшава каде што се наоѓаат владините згради, палатата Белведер и странски амбасади, меѓу кои и амбасадата на Русија. Областа е означена како зона забранета за летање на дронови, освен ако операторите не добијат дозвола. Прекршувањето е казниво со затвор до пет години
Полскиот премиер Доналд Туск објави дека полските безбедносни служби денеска собориле дрон што летал над владини зграда во центарот на Варшава. За случајот се приведени двајца белоруски државјани.

„Службата за владина безбедност предмалку неутрализираше дрон што леташе над владините згради и палатата Белведер. Двајца белоруски државјани се приведени. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот“,
напиша Туск во објава на Икс.
Денешниот инцидент се случил во населба во Варшава каде што се наоѓаат владините згради, палатата Белведер и странски амбасади, меѓу кои и амбасадата на Русија. Областа е означена како зона забранета за летање на дронови, освен ако операторите не добијат дозвола. Прекршувањето е казниво со затвор до пет години.
Инцидентот се случува во време кога Полска е во состојба на зголемена готовност откако минатата недела повеќе руски беспилотни летала влегоа во нејзиниот воздушен простор. Во инцидентот, кој Полска го нарече акт на агресија, се вклучи НАТО и испрати борбени авиони за соборување на руските дронови.