Сега воената вежба предизвикува загриженост поради можната ескалација на војната во Украина кон една од членките на НАТО-пактот и поради најновата провокација на Русија, кога пред два дена 19 нејзини беспилотни летала влегоа длабоко во полскиот воздушен простор, а Полска реагираше по првпат со соборување на дел од беспилотните летала
Полска вчеравечер ја затвори границата со Белорусија и нема да ја отвори до крајот на руско-белоруската воена вежба, наречена „Запад-2025“, објави полскиот министер за внатрешни работи Марцин Кервински.
„Тие маневри се насочени против Полска и Европската Унија. Ќе ја отвориме границата, но само кога ќе имаме гаранции дека нема да ни се закануваат никакви провокации, какво било агресивно однесување. Секако, заради економијата, ќе направиме сè што е можно премините да бидат затворени пократко време“,
рече тој.

На барање на Русија да не се затвора границата, министерот рече дека двата патни и трите железнички премини сигурно ќе останат затворени до крајот на руско-белоруските воени маневри.
Вежбите наречени „Запад 2025“, како што соопштија белоруските власти, се одржуваат од 12 до 16 септември во близина на градот Минск. Според руската војска, некои практични акции ќе се случат на руска територија, како и во Баренцовото и Балтичкото Море.
🧵Bielorussia 09/2021. Esercitazioni congiunte Forze Russe-Bielorusse Zapad 21. Un dispiegamento di 200k militari,290 carri armati,240 pezzi di artiglieria,lanciatori MLR multipli,220 aerei e elicotteri,15 navi ha compiuto una manovra di attacco-difesa. pic.twitter.com/S3mhO0yvEt
— Colonnello Kurtz (@Apocalypsevax) December 14, 2024
Оваа воена вежба се одржува на секои четири години, а Европа ја следи повеќе од една деценија.
Сега воената вежба предизвикува загриженост поради можната ескалација на војната во Украина кон една од членките на НАТО-пактот и поради најновата провокација на Русија, кога пред два дена 19 нејзини беспилотни летала влегоа длабоко во полскиот воздушен простор, а Полска реагираше по првпат со соборување на дел од беспилотните летала.
Официјална Москва тврди дека како гест на добра волја, маневрите се преместени од полските граници на полигоните за обука во близина на Минск и дека во нив официјално учествуваат само 13 000 војници.
Сепак, загриженоста на сојузниците на источното крило на НАТО е предизвикана од симулацијата на употреба на нуклеарно оружје и освојувањето на стратешкиот коридор во близина на градот Сувалки, кој ги поврзува Литванија и Полска и ја одделува Белорусија од рускиот регион Калининград.
Дел од маневрот, според сознанијата на западните разузнавачки служби, ќе се спроведе веднаш во близина на границата на Полска и Литванија и тој коридор.
Полска распоредува околу 40 000 војници на источните граници и по повод маневрите го затвори воздушниот простор во граничната зона.