Портпаролот на полските специјални служби претходно денеска изјави дека сè укажува на тоа оти руските разузнавачки служби стојат зад саботажата на полската железница кон Украина
Полска ќе го зголеми нивото на закана на одредени железнички линии и водено ќе ја заштити клучната инфраструктура, објави денеска премиерот Доналд Туск откако беа оштетени шините на железничката пруга што води кон Украина.

„Шефот на агенцијата за внатрешна безбедност и министерот за внатрешни работи ме замолија да воведам трето ниво на закана, Чарли, поради терористички закани. Одлуката ќе се однесува на одредени железнички линии, додека остатокот од земјата ќе остане под второто ниво на закана“,
изјави Туск пред парламентот.
Туск притоа денеска соопшти дека службите веќе идентификувала две лица одговорни за саботажата на нејзината железница и откри дека станува збор за двајца украински државјани кои соработувале со руските разузнавачки агенции и избегале во Белорусија.
Портпаролот на полските специјални служби претходно денеска изјави дека сè укажува на тоа оти руските разузнавачки служби стојат зад саботажата на полската железница кон Украина.
Експлозијата на железничката пруга Варшава-Лублин, која го поврзува главниот град со градот на украинската граница, следуваше по серија палежи, саботажи и кибернапади во Полска и други европски земји.
Полската влада претпладнево одржа вонреден состанок на Советот за национална безбедност за инцидентот, на кој присуствуваа воени команданти, раководители на разузнавачки агенции и претставник на претседателот.
