Полска во последниот период значително го засили воздушниот мониторинг поради зачестените воени летови и активноста на руските сили во западниот дел од Украина

Полската војска ноќеска ги крена борбени авиони поради зголемена руска воздушна активност во близина на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на Полска.
„Полските и сојузничките воздухопловни сили започнаа операции, а системите за противвоздушна одбрана и радарско набљудување беа ставени во состојба на висока готовност. Преземени се мерки за обезбедување на безбедноста на териториите кои граничат со Украина“,
се наведува во официјалното соопштение.
Русија, пак, тврди дека нејзините летови се во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.
Полска во последниот период значително го засили воздушниот мониторинг поради зачестените воени летови и активноста на руските сили во западниот дел од Украина.