Бројот на смртни случаи од ковид-19 во светски рамки достигна половина милион и во моментов изнесува 504 490, покажуваат податоците на „Ворлдометерс“.
Агенцијата Ројтерс објави статистика дека во јуни во просек на секои 24 часа умирале 4 700 луѓе.
Статистиките на „Ворлдометерс“ покажуваат дека најголем број од смртни случаи се регистрирани во САД 128 437. Во Бразил досега има 57 658, а во Велика Британија 43 550. Во Италија досега се регистрирани 34 738, во Франција 29 779, додека во Шпанија 28 343.

Оваа статистичка веб-страница, објавува и статистика по бројот на починати на милион жители, па според тоа на прво место е Велика Британија со 642 смртни случаи на еден милион, понатаму Шпанија со 606, Италија 575, Франција 456, а во САД и Бразил стапката изнесува 388 односно 271 на милион жители.
Најголема стапка покажува во Белгија – 840, а на врвот е и Шведска со 523 смртни случаи на милион жители.
Бројот на досега дијагностицирани случаи со ковид-19, пак, е над 10 милиони, а на оздравени 5,5 милиони.