Министерот за здравство смета дека во овој момент полициски час не е решение за справување со корона-кризата. Тој очекува дека ќе се донесат новите мерки во Собрание и тие според него имитираат форма на полициски час.
„Искрено, верувам дека измените во Законот за заштита на населението од заразни болести ќе се донесе и ќе се изгласа, со цел да избегнеме полициски час. Ова се мерки кои практично имитираат полициски час. После 23 часот, ништо не работи, практично граѓаните нема каде да одат, сега и времето не е убаво, па сите треба да седат дома. Затоа апелираме да се излегува само ако има некаква потреба. Целта е да се избегне групирањето и да се носат маски. Сигурно дека разгледуваме некакви опции, меѓутоа сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат овие мерки и тие кои утре верувам дека ќе бидат донесени. Впрочем, генерална препорака е да нема таква форма на ограничување на движењето“,
одговори Филипче на прашањето дали ако пратениците не се усогласат и не ги изгласаат мерки, следен чекор е полициски час.
Министерот нагласи дека законските измени утре треба да се најдат на дневен ред во Собранието и рече дека верува оти пратениците се свесни за тежината на ситуација и бргу ќе ги изгласаат мерките кои, според него, можат значајно да го редуцираат преносот на вирусот.
Осум месеци коронавирус во земјава: Од сите нас зависи какво сценарио нè очекува