Во врска со нередите вечерва се огласи претседателот на Српската напредна странска (СНС), Милош Вучевиќ, кој ги обвини демонстрантите во Нови Сад дека се обидуваат повторно да предизвикаат граѓанска војна по судирите со полицијата за време на вечерашниот протест
Српската полиција вечерва интервенираше и се судри со демонстрантите собрани на антивладиниот собир во Нови Сад кој се одржа под слоганот „Србија, дали се слушаме?“.
Протестот е во организација на студентите во блокада кои велат дека собирот е одговор на полициската бруталност и неоправданото присуство на полициски службеници во зградите на два факултета во Нови САД, односно на Филозофскиот и Факултетот за спорт и физичко образование.

За време на денешниот протест демонстрантите се упатија кон зградата на Филозофскиот факултет во Нови Сад, фрлајќи шишиња и други предмети кон полицијата која во два кордони ја обезбедуваше инситуцијата. Стотината полицајци, пак, употребија голема количина пиротехника и солзавец, потиснувајќи ги демонстрантите.
Кратко по почетокот на протестот, српското МВР објави дека дознало оти учесниците на нерегистрираниот собир во Нови Сад имаат намера да ја нападнат полицијата пред Филозофскиот и Факултетот за спорт.
Освен пред Филозофскиот факултет, полициска акција има на повеќе локации во Нови Сад.
Во врска со нередите вечерва се огласи претседателот на Српската напредна странска (СНС), Милош Вучевиќ, кој ги обвини демонстрантите во Нови Сад дека се обидуваат повторно да предизвикаат граѓанска војна по судирите со полицијата за време на вечерашниот протест.
„Вака изгледаат нивните ‘мирни протести’. Што ако не беа ‘мирни’?“,
напиша Вучевиќ на Икс.
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, пак, на социјалните мрежи напиша дека е особено лицемерно што некои членови на Европскиот парламент се на протестот во Нови Сад.
„Особено е лицемерно што европратеникот Расмус Нордквист од Данска, како и Вула Цеци од Грција, копретседател на Европскиот парламент, се присутни вечерва во Нови Сад на насилните протести. Ова се луѓе кои секојдневно ни држат предавања за владеењето на правото и демократијата“,
вели Брнабиќ.
It is particularly hypocritical that a Member of the European Parliament @europeanparliam, Rasmus Nordqvist from Denmark, as well as Vula Tsetsi from Greece, co-chair of the @europeangreens, are present this evening in Novi Sad at violent protests. These are people who lecture us… pic.twitter.com/mprxR7tKty
— Ana Brnabic (@anabrnabic) September 5, 2025