Во акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава, полицијата во текот на ноќта затекнала 11 малолетни лица, а констатирани се и две кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица.
Како што информира МВР, во периодот 00:00 до 04:00 часот секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, привела четири лица од кои тројца малолетни.
„Констатирано е и едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај П. Р. (25) од Неготино бил пронајден кокаин“
соопшти МВР.
ОД МВР додаваат и дека затекнат е странски државјани без соодветна документација за регулиран престој.