Според неофицијални информации, акцијата е насочена против нелегално копање криптовалути
Во моментов во Градскиот трговски центар во Скопје (ГТЦ) во тек е полициска акција во рамки на која се прави претрес во магацинските простории.
Од Министерството за внатрешни работи засега нема информации за што станува збор.
Меѓутоа, според неофицијални информации, акцијата е насочена против нелегално копање на криптовалути.