Голема количина месо од уловен дивеч, еден ловен карабин калибар 7.9 мм, ловечки пушки, муниција, патрони за ловечка пушка калибар 16 мм. Ова е пронајдено во домовите и помошните простории на три лица од село Долно Крушје, Македонски Брод, при што повеќе лица се приведени под сомнение за незаконски лов.
Акцијата следи по добиени сознанија и по судска наредба.
Од слобода биле лишени М.Б.(37) и С.Б.(33) и биле задржани во Одделението за внатрешни работи Македонски Брод. Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.