Полицијата вчера затворила два угостителски објекти кои ги прекршиле мерките за заштита од ковид и работеле после 21 часот.
Станува збор за два објекти, во Тетово и во гостиварското село Дебреше, а газдите биле задржани во полициска станица и против нив ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Во објектот во Тетово контролата била направена 20-ина минути по 21 часот, односно во период кога тој требало веќе да биде затворен.
Во Дебреште, пак, околу 23 часот биле затекнати десетина гости во објектот, за кој газдата немал ниту отворено фирма.