Мажот е осомничен за убиството на демократска пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за обидот за убиство на членот на Сенатот на Минесота, демократот Џон Хофман и неговата сопруга во нивниот дом. Апсењето на 57-годишникот е кулминација на дводневната обемна потрага која ја спроведоа ФБИ и локалната полиција
Педесет и седумгодишен маж е уапсен во американската држава Минесота поради сомнение за убиството на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, соопшти гувернерот на Минесота, Тим Волц.

Полицијата информира дека осомничениот бил вооружен во моментот на апсењето, но се предал мирно.
Мажот е осомничен за убиството на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за обидот за убиство на членот на Сенатот на Минесота, демократот Џон Хофман и неговата сопруга во нивниот дом.
Апсењето на 57-годишниот осомничен напаѓач е кулминација на дводневната обемна потрага која ја спроведоа ФБИ и локалната полиција по вооружениот напад во домовите на двајцата политичари од редовите на демократите.
Според наводите на американските медиуми, осомничениот напаѓач работи во индустријата за обезбедување.