Вкупно 627 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден за возење со брзина над дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од нив, 135 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 89, СВР Охрид – 85 и СВР Тетово – 74.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“
апелира МВР.
Од МВР соопштија и дека вкупно 194 мотоциклисти санкционирала полицијата во текот на вчерашниот за време на зајакнатата контрола на територијата на Република Северна Македонија.
Од нив, 58 управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 10 мотоцикли биле нерегистрирани, 107 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а девет мотоцикли се времено одземени поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.