Сообраќајната полиција само во текот на вчерашниот ден во Општина Сарај изрекла 122 казни на возачи.
Меѓу нив имало и 20 без возачка дозвола и 37 кои возеле технички неисправно и нерегистрирано возило.
Од МВР велат дека со засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови, како што беше случај и изминатите денови.
Вчера полицијата информираше за напишани над 600 казни во Скопје и Тетово на 10 октомври.
Повеќето од казните во саботата биле во главниот град – 437. Најмногу – 140 се однесувале на брзо возење, а имало и 40 за неисправни и нерегистрирани возила, 79 за погрешно паркирање, а 59 за неносење заштитна опрема.
Во Тетово, пак, на 10 октомври биле казнети 189. Од нив, на 31 за нерегистрирано возило и 22 за немање возачка дозвола.