Од вкупниот број прекршоци што ги направиле пешаците, 217 се за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин, 38 за минување на црвено светло, соопшти МВР
Сообраќајната полиција во земјава само вчера казнила вкупно 263 пешаци кои направиле прекршок во сообраќајот. Од вкупниот број на прекршоци, 217 се за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин, 38 за минување на црвено светло, соопшти МВР.
Од вкупно 263 регистрирани прекршоци што ги направиле пешаците, 81 се на територија на Скопје, 39 се на територија на Тетово, 36 на територија на Битола.
На територија на Скопје вчера освен 81 санкција за пешаците, изречени се и дополнително 188 казни, меѓу кои 60 за возачи кои возеле повеќе од дозволената брзина, 20 мерки за недавање предност на пешаци. Изречени се и 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, 65 за непрописно паркирање.