Полицијата привела 27-годишен скопјанец откако при претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
„На 2.6.2021 во 17:30 часот на подрачје на Драчево од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје бил лишен од слобода И.Т. (27) од Скопје, бидејќи при извршен претрес во неговиот дом, по претходно издадена наредба од Основниот кривичен суд-Скопје, била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана“,
соопшти МВР.
Од полицијата информираат дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
