Во Белград се одржуваат демонстрации на повеќе локации, а најхаотично е во центарот на градот каде има запалени и превртени повеќе контејнери, многу чад низ улиците и употреба на разни пиротехнички средства
Полицијата со солзавец ги растерува демонстрантите во Белград. Како што објавуваат дел од медиумите, до судир меѓу граѓаните кои протестираат и полицијата дојде некаде после 22 часот, кога една група од демонстрантите се обиде да го пробие полицискиот кордон.
Во Белград се одржуваат демонстрации на повеќе локации, а најхаотично е во центарот на градот каде има запалени и превртени повеќе контејнери, многу чад низ улиците и употреба на разни пиротехнички средства.

На протестите има зголемено полициско присуство со оклопни возила, а дел од медиумите пренесуваат дека имало и топовски удари при разбивање на толпата.
„Не сме вреќа за удирање“, „Србија е во Ваљево, а гневот е во нас“, „Ги теравте децата да клечат, затоа народот ќе се крене“ се дел од пораките кои вечерва ги испратија демонстрантите од протестите кои се одржуваат во повеќе градови низ Србија.
Протестите во Србија се одржуваат во повеќе од 20 градови, а во последните два дена ситуацијата ескалира со десетици повредени граѓани и полицајци.