Десет од лицата кои биле на забавата, на која не се почитувале протоколите за заштита од ковид-19, се малолетници
По претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар околу 3.49 часот утрово извршиле контрола во домот во кој престојувал В.М.(24) од Скопје, соопштија од МВР.
При контролата, освен В.М., биле затекнати уште 13 лица, три полнолетни и десет малолетници, на возраст од 16 и 17 години, и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19.
Како што се соопштува, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“
