Околу 100 стебла од растението канабис сатива пронашла полицијата во нива во атарот на тетовско Теарце на местото викано „Лапуф“, соопшти Министерството за внатешни работи.
„На 03.08.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Тетово, на местото викано „Лапуф“, на подрачјето на Полициското одделение Теарце, во нива пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението канабис сатива“,
соопшти МВР.
Од полицијата додаваат дека според сопственикот на нивата С.У. (67) од Теарце, таа повеќе години не била обработувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пред два дена полицијата пронајде над 200 стебла канабис во нива на истото место „Лапуф“ кај Теарце.