Позајмиците тие ги давале на социјално загрозени семејства и потоа барале високи камати
Двајца штипјани, на возраст од 39 и 45 години, се приведени под сомнение дека сториле кривично дело лихварство, соопшти МВР.
Тие се осомничени дека барале несразмерно високи камати за позајмиците што им ги давале на жртвите кои биле социјално загрозени семејства.
„Тие се осомничени дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело – пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци“,
велат од МВР.
Оттаму најавуваат дека откако ќе го документираат случајот ќе поднесат и кривична пријава.