Гостиварската полиција привела 49-годишен сопственик на угостителски објект бидејќи во него биле затекнати гости без сертификат за вакцинација, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според информациите од МВР, контролата во објектот била направена синоќа во 21:35 часот на улицата „Живко Брајковски“ во Гостивар.
Исто така, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) времено го затворил објектот, а против сопственикот ќе се поднесе и кривична за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.