Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветна пријава

Полициски службеници попладнево лишиле од слобода две лица во Куманово и Тетово, поради постоење основани на сомнение за предизвикување пожар, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност. Имено, во населбата Рајкова куќа кон с. Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило ‘ауди’, напуштена куќа и ниви. Исто така во 20.00 часот на место викано Брест атар на с. Челопек полициски службеници од полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.М.(41) од с. Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување на пожар“,
стои во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветна пријава.