„При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,57 промили алкохол во крвта“, информираат од МВР
Педесет и шестгодишен скопјанец Н.А. вчеравечер бил приведен во скопски Аеродром откако на улица „Владимир Комаров“ со својот автомобил марка „субару“ предизвикал сообраќајна несреќа удирајќи во паркиран автомобил „фолксваген голф“ во сопственост на Љ.Р. (47) од Скопје.

„При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,57 промили алкохол во крвта“,
информираат од МВР.
Maжот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава поради безобѕирно управување со моторно возило предизвикување општа опасност.