Осум возила кои превезувале ученици се испратени на вонреден технички преглед

Во акциска контрола на полицијата, вчера во период од три четири часа (12-16 часот) биле констатирани 47 сообраќајни прекршоци кај автобуси што превезуваат ученици.
Од МВР информираа дека изречени се казни за сите 47 автобуси, а осум возила биле упатени на вонреден технички преглед.
„Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови“,
најавува МВР.
Од Министерството апелираат сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесат за зголемена безбедност на децата и на сите учесници во сообраќајот.