Велешката полиција вчера на дело фатила велешанец додека крадел од возило, соопшти МВР.
Тој бил затекнат на лице место вчера во утринските часови, околу 4:30 часот. Украдените предмети веднаш биле вратени на сопственикот, а крадецот бил приведен.
Од МВР велат дека истото лице се сомничи дека и претходно сторил повеќе кривични дела тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив. Против велешанецот ќе бидат поднесени кривични пријави.
