По одземањето на возачката, Туск се огласи и рече дека казната е соодветна и ја прифаќа без дискусија
Полицијата во Полска му ја одзеде возачката дозвола на поранешниот претседател на Европскиот совет и актуелниот претседател на Европската народна партија (ЕПП), Доналд Туск.
Возачката му е одземена на три месеци, а му биле запишани и 10 казнени поени во возачката книшка од вкупно 24 дозволени.
Туск, кој во моментот е и прв човек на најголемата опозициска партија во Полска, на полските граѓани им се обрати преку социјалните мрежи и рече дека казната е соодветна и ја прифаќа без дискусија.
Тој возел со 50 километри на час повеќе од дозволеното во населено место.