Како што информира Министерството за внатрешни работи, по целосното документирање на случаите против сторителите ќе следуваат соодветни пријави

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека од слобода се лишени три лица, а уште две се повикани на службен разговор. Тие физички ги нападнале или агресивно се однесувале кон своите сопруги, партнерка, ќерка и снаа.
„На 07.03.2026 г. во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г. (43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз неговата 40-годишна сопруга, со која извесен период не живеат заедно. На 07.03.2026 г. во 07:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А. (38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка, која во самоодбрана го удрила со стаклено шише. На 07.03.2026 г. во 21:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д. (61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом на подрачјето Карпош физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга“,
соопшти полицијата.
МВР информира и за другите слични случаи.
„На 08.03.2026 г. во 11:35 часот во ПС Кисела Вода, полициски службеници извршија службен разговор со С.Х.Н. (70) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.03.2026 г. околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 30-годишна ќерка. На 07.03.2026 г. во 16:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници извршија службен разговор со Х.М. (54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа. Според пријавеното, пријавената во текот на изминатите две години постојано ја навредувала снаата, а во минатото и физички била нападната. Притоа, пријавената се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија“,
соопшти МВР.
Како што информира полицијата, по целосното документирање на случаите против сторителите ќе следуваат соодветни пријави.
