Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Според МВР, санкционирани се вкупно 359 возачи.

„Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место“,
соопшти МВР.
Полицијата најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и повика заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
