Во изминатото деноноќие МВР регистрирало 643 прекршоци за неносење лична заштитна опрема на лицето.
Денешните статистики покажуваат и дека на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатите 24 часа.
Од МВР денеска соопштија дека во контролите што ги направиле полицајците кај лица во изолација и самоизолација не се евидентирани лица што не ги почитувале мерките.
