Автомобил марка „поло“ се превртело во реката Вардар во Скопје, во близина пешачкиот мост кај болницата „Систина“.

Во моментов полицијата и противпожарната служба се на терен и се обидуваат да го извадат возилото од реката. На терен е и екипа на Итната медицинска помош.

Случајот во полиција е пријавен утрово околу 8 часот од страна на случаен минувач.
