Полицајци и инспектор од Државниот пазарен инспекторат вчера растуриле семејна веселба во угостителски објект во гостиварското село Добридол.
Станува збор за ресторан што инспекторите претходно веќе го затвориле, но и покрај тоа, кога надлежните влегле во објектот, затекнале повеќе лица кои присуствувале на веселбата.
Сопственикот на објектот, како што соопштија од МВР, е приведен и против него ќе следува кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
