Полициски службеник во Битола се самоповредил со службениот пиштол. Тој е префрлен во болница каде што му се констатирани тешки телесни повреди, пишува во билтенот на МВР.
„На 10.5.2020, околу 9:40 часот, во СВР Битола било пријавено дека на паркинг-простор пред угостителски објект на ул. ‘Македонска фаланга’ во Битола еден полициски службеник од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола“,
се вели во записникот од МВР.
За настанот се запознаени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
