Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја
На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во затворската полиција, била пронајдена дрога, информира Министерството за внатрешни работи.
„Пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја“
велат од МВР.
Од МВР додаваат дека Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.