Ова е второ одбивање за многу кратко време што Додик го доби од регионот. Порталот потсетува дека веќе објавиле оти Додик го откажал патувањето за Солун каде сакал да се види со германскиот канцелар Олаф Шолц
Официјални претставници на Северна Македонија официјално го информираа политичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик дека не е добредојден на Преспа форумот за дијалог.

Како што потврдија за Политички.ба од Претседателството на Босна и Херцеговина, официјален одговор со ваква порака стигнал и до кабинетот на Додик.
Според информациите на порталот, Додик „се обидувал“ да биде еден од гостите на Преспа форумот за дијалог, кој годинава ќе се одржи во Охрид од 16 до 18 јуни.
„Како и секој пат досега, на него присуствуваат импресивен број високи европски и светски претставници, како што се Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, Борут Пахор, претседател на Словенија, сите пратеници за Западен Балкан – од Мирослав Лајчак (ЕУ ) преку Сутарт Пич (Велика Британија) и Мануел Саразин (Германија) до Габриел Ескобар (САД) до претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи на поширокиот регион.Од Босна и Херцеговина најавено е присуство на Шефик Џаферовиќ, претседател на Претседателството и министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ. На официјалната вебстраница на Форумот стои и дека на форумот ќе присуствува и министерот за надворешна трговија на БиХ, Сташа Кошарац“,
се вели во текстот со наслов „Скопје му порача на Додик: Извинете, не сте добредојдени“.
Додик се обидел да добие покана од Скопје, но, како што се наведува во текстот, од главниот град на Македонија стигна порака: „Извинете, не сте добредојдени“.
Ова е второ одбивање за многу кратко време што Додик го доби од регионот. Порталот потсетува дека веќе објавиле оти Додик го откажал патувањето за Солун каде сакал да се види со германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Додик се обиде, прво, да руча со голем број премиери и претседатели кои присуствуваа на самитот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Беше упорен да добие повик. И конечно стигна повикот. Еден час подоцна пристигна известување дека ручекот е откажан“,
пишува порталот.
Бесен Додик го откажал патувањето за Солун“, тврдат соговорниците на Политички.ба.