Ако нешто погрешивме во врска со пандемијата со ковид-19, тоа е дека дозволивме теориите на заговор и лажните вести многу да се прошират кај граѓаните, изјави вицепремерот Бујар Османи во вечерашната „Топ Тема“ на Телма.
Тој смета дека и политичките партии требало да допрат до граѓаните за да им ја објаснат опасноста од ваквите лажни вести.
Османи оцени дека државата ги презела сите можни рестриктивни мерки и тоа хронолошки најрано од сите, при што во најголем дел тие биле почитувани. Проблем се оние кои тоа не го сториле.
„Доколку некој не верува дека маската го штити, тој ќе ја носи само кога ќе види полицаец, потоа ќе ја извади. Не може полицаец да ја чува секоја врата и да го чува секој човек, вели Османи“,
кој смета сите заедно во Владата, која е составена од неколку партии, треба заедно да работат за да се надмине епидемиолошката криза и оти е рано да се утврдува одговорноста за зголемување на бројот на новозаразени, бидејќи, како што рече, за тоа е потребна издржана анализа, а не шпекулации.
Според него она што досега сме го научиле од кризата е дека колективните мерки не можат да бидат подеднакво ефикасни како индивидуалните мерки, иако како што рече како, како политичар тој никогаш не би контрирал на ставовите од комисијата.
За тоа што довело до новиот раст на случаите, тој смета дека треба да се почека, а во моментот најзначајно е да се спречи натамошно ширење на вирусот.
*Поврзана вест
