Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи на молитва во Мустафа-пашината џамија им го честиташе Рамазан Бајрам на муслиманските верници.

Тој се осврна на кризата со ковид-19 и прогласи победа над пандемијата.
„Успешно се справувавме до сега, а со одржувањето на овој намаз за Фитер Бајрам прогласувам и победа над вирусот. Им го честитам празникот на сите муслимани во земјава“,
истакна тој.
Реџепи ги повика верниците да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи како што вели, заштитата на здравјето е една од основните исламски верски должности.